Храна за мозокот

За да ја подобрите меморијата ви препорачуваме:.

1. Пивски квасец

 Помага против депресија и слабокрвност бидејќи е богат со витамини од Б-групата, со железо, цинк, магнезиум, натриум и калиум и други корисни минерали. Ублажува тегоби од болести на нервниот систем, ги отстранува заморот и депресијата и го подобрува памтењето.

2. Ореви

Идеална храна за мозокот, тие се одличен извор на омега 3 масни киселини, неопходни за функционирање на мозочните клетки. Да се конзумира умерено бидејќи е многу калорично.

3. Рузмарин-

Се смета за симбол на мудроста, ја поттикнува младоста, го подмладува мозокот и спречува срцеви болести. За подобрување на памтењето се користи чај од врвовите на гранчињата од растението, кој не треба да се пие навечер бидејќи поттикнува будност.

4. Женшен-

Му помага на организмот да се приспособи во услови на зголемен стрес и напор. Ова растение го нарекуваат корен на животот и универзален лек, ја зголемува психофизичката издржливост и го стимулира лачењето на адреналин. Го користат спортистите.



Copyright 2014 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.





Scroll To Top