Каратистот Жарко Арсовски e прогласен за Спортист на Штип за 2013

Жарко Арсовски освои прво место на Европското универзитетско првенство што се одржа во Будимпешта, во тешка категорија.

Синоќа во Општина Штип се оддржа традиционалната манифестација, „Спортист на годината 2013“.Според утврдените критериуми, Комисијата за спорт за најдобар спортист го прогласи каратистот Жарко Арсовски.

Тој оваа награда ја заслужи со освојувањето на првото место на Европското универзитетско првенство што се одржа во Будимпештаво Унгарија, во тешка категорија, односно категорија над 84 кг.

Втор на листата според остварениот резултат е борачот Дејан Богданов, кој освои сребрен медал на Медитеранските игри во Мерсин, Турција а третото место на ранг листата го делат борачите Дејан Митров и Бобан Данов, освојувачи на бронзен медал на Медитеранските игри ва Мерсин, Турција. Четврти на ранг листата е кик-боксерот Далибор Огњанов, а петти е каратистот Емил Павлов.

На свеченоста која традиционално се оддржува под покровителство на градоначалникот, пруствуваа голем број спортски работници, тренери, спортисти и љубители на спортот.

- Наша обврска е да правиме спортски терени, да правиме игралишта, патеки, спортски сали. На тој начин обзбедуваме услови за развој на спортот. Затоа и годинава ќе се направат две спортски сали во училиштата „Славејко Аесов“ и во подрачното во Три Чешми. Ќе направиме и мултифункционално кај средното медициснко училиште. Ќе направиме и патем за трчање и рекреација зад градскиот Исар, а во план е и обнова на градскиот стадион. Не забораваме да го подржуваме спортот и со финансиски средства но и со логистичка поддршка, бидејќи спортот е она што значи развој и вистински животен избор за младите. Посакувам оваа година, да имате уште поголеми успеси и заеднички да ги славиме - изјави во обраќањето градоначалникот, прим.м-р Илчо Захариев.

Најдобриот спортист за 2013, Арсовски се заблагодари на наградата и порача:

- Градоначалникот кажа дека тој ќе гради спортски објекти, бидејќи тоа е негова должност и обврска. Јас само ќе се надоврзам и ќе кажам, тогаш наша обврска е да создаваме успеси и резултати со кои ќе ги оправдаме тие вложувања во спортот.

Според Борче Коцев, претседател на Комисијата за спорт, успесите на спортистите се најважното нешто на една земја:

- Јас не можам да заборавам дека по осамостојувањето на Македонија, првите амабсадори на земјава не беа политичарите, туку спортистите. Тие беа првите кои гордо стоеја на нашата химна, сиправени пред предизвиците и донесувајќи ги првите успеси на независна Македонија. Затоа спортот во Штип има посебно место во животот на луѓето.

Од екипните спортови комисијата за спорт за најдобар го прогласи капитенот на ФК Брегалница Горан Здравков, кој со Брегалница обезбеди пласман во полуфиналето од Македонскиот национален куп. Признание за посебно остварен спортски подвиг на годината, комисијата додели на Илина Арсова која како прва жена - Македонка во месец мај 2013 година се искачи на највисокиот светски врв Монт Еверес на Хималаите висок 8848 м.

- Признание за остварен резултат на лица со посебни потреби доби Санде Атанасов – Шах;

- Најдобар спортски Судија Никола Мицевски – одбојка;

- Најдобар тренер - Петар Чурлинов – бокс;

- Најдобра екипа - БК „Баргала“;

- Најдобра екипа во училишен спорт - одбојкарки на ОУ „Димитар Влахов“;

- Спонзор на годината АД „Баргала“;

- Награда за научен труд - Драган Христовски;

- За формирање и афирмација на борењето - Ристо Личнов;

- Најдобри новинари Драги Герасимов-Пушка и Богдан Мицов.

Повеќе фотографии од настанот погледнете тука 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top