Политичка криза ја „тресе“ Албанија: претседателот Мета ги одложи изборите, премиерот Рама не ја прифаќа одлуката

Албанскиот претседател Илир Мета ги одложи изборите во таа земја кои беа закажани за 30 јуни..

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека албанскиот претседател изразил голема загриженост поради длабоката политичка криза во Албанија.

„Имајќи ја предвид итната потреба да се смири ризикот од непредвидена ескалација на конфликтот преземам уставна и институционална одговорност и го поништувам указот со кој локалните избори требаше да се одржат на 30 јуни“, порача Мета преку соопштението од неговиот кабинет.

Истакнувајќи дека последните настани во државата го нарушуваат имиџот на земјата во светот, од кабинетот наведуваат дека подетално објаснување за одложувањето на изборите ќе дадат во понеделник.

Веднаш, од изборен митинг во албанскиот град Берат, премиерот на АЛбанија Еди Рама порача дека изборите ќе бидат одржани на 30 јуни.

Денес во Тирана беше одржан осмиот протест на обединетата албанска опозиција на кој повторно демонстрантите се судрија со полицијата, беа фрлани молотови коктели, а полицијата одговори со димни бомби.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top