+ ЖАЛНА ВЕСТ: Почина Горги Петров во Мелбурн

Почина уште еден Македонски активист во Мелбурн..

Ја информираме Македонската јавност дека во среда на 13-ти Февруари престана да чука срцето на Македонецот Горги Петров кој долги години живееше со своето семејство во Мелбурн, Викторија.

Роден е на 11-ти Август 1942 година во Гевгелија, Македонија, пристигнал во Австралија 1970 година. 

Зад себе ги остави сопругата драга, две ќерки, седум внуци и два пра внуци.

Горги Петров многу се гордееше во неговата фамилија и неговите внуци. 

Инаку, Горги Петров бил познат под името Горги Фурнаџијата.

Меѓу народот е познат исто како голем патриот Вмровец што си ја сакаше својата татковина Македонија и во многу наврати финансиски им помагаше на своите најблиски.

Во Австралија се истакнува како донатор на голем број Македонски друштва и организации и помагање на се што е Македонско.

Дознаваме дека првите финансии за ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија беа подарени токму од Горги Петров.

Неговите роднини и пријатели ќе го паметат како човек со големо срце.

За тие што сакаат да му оддадат последна почит, останките од неговото тело ќе бидат изложени во понеделник во 18 часот во Ern Jensen Funerals на адреса 6 Bruce Street Preston.

Опелото ќе се изврши во 11:30 часот наутро во Македонската Православна Црква „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг.

Погребот ќе се одржи во 1:30 часот попладне на гробиштата Yan Yean.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top