167 Бугари заминати на сезонска работа робувале во винарии во Франција

Им ветувале дека ќе добијат по 60 евра дневно за берба на грозје и уште многу други приказни , а кога дошле во Франција сфатиле дека се робови..

Бугарските и француските власти, во соработка со Европската полициска агенција (Европол), минатата недела уапсиле криминална група од четворица осомничени – тројца од Бугарија и еден од Франција, кои била вмешани во тpговиja со луѓе со цел екcплoaтација на paботна сила и пepeње пари, објави вчера Агенцијата. До апсењето дошло откако во истрагата биле идентификувани 167 потенцијални жpтви на модepното poпство кои групата ги „вработила“ во четири француски винарии во близина на градот Лион.

Криминалната група регрутирала работници од Бугарија за сезонска берба во Франција, главно преку бугарска правна агенција за вработување. Според Европол, на работниците им било ветувано дека ќе заработуваат по 60 евра на ден и дека ќе им бидат покриени сите трошоци за превоз и сместување, но наместо тоа тие биле сместувани во кампови, не добивале пари за храна, а кога им истекувале договорите не им била исплаќана ниту ветената сума, поради што голем дел од работниците не биле во можност да се вратат во Бугарија.

Уапсените Бугари од групата биле одговорни за регрутирање на работниците во Бугарија, додека лицето од Франција било задолжено за организирање на логистиката, вклучително и организацијата на сместување на работниците. Акцијата против групата била спроведена на 17 септември, а во неа учествувале повеќе од 80 иследници од двете земји.

Според Советот на Европа, тpговиjaта со луѓе во Европа станува пораспространета и од ceкcyaлната екcплoaтација. За потсетување, сличен пример имаше и во март годинава, кога италијанските Карабиниери во Италија уапсија петмина Македонци и еден Бугарин, а осомничени беа уште тројца Италијанци и еден Македонец, кои преку фирма која регрутирала работници од Македонија, ги експлоатирале работниците за сезонска работа, им ги одземале пасошите и ги чувале (буквално) како poбoви.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top