5G мрежата забранета во град во Англија откако жителите изразиле здравствена загриженост

5G е петта генерација на мобилна мрежна технологија која ветува дека ќе ја замени сегашната 4G мрежа што ја користат повеќето паметни телефони..

Град во југозападна Англија привремено ја забрани  5G мрежата откако локалното население изрази загриженост за здравјето поврзано со новата брза мобилна мрежа.

Технологијата нуди побрзи мрежни брзини способни за преземање на HD филмови во секунди, повеќе истовремени врски и помала латентност - интервалот помеѓу испраќање и примање на податоци.

Сепак, се зголемува загриженоста за здравствени ризици.

Повеќе од 1600 жители од Тотенс потпишаа петиција во која се бара мораториум за инсталирање на мрежа со висока фреквенција сè додека не се спроведат понатамошни истражувања за неговите ефекти врз здравјето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top