4.8 C
Skopje
17.9 C
Melbourne
Friday, 19 April, 2024
0
Дома Спорт Јокиќ урна бројни рекорди и ги донесе Денвер до првата НБА титула

Јокиќ урна бројни рекорди и ги донесе Денвер до првата НБА титула

Денвер Нагетс ја освои првата НБА титула во својата 47-годишна историја, предводен од Никола Јокиќ, кој постигна 28 коша во решавачкиот петти меч против Мајами хит, по што беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето на плеј-офот. Нагетс ја доби финалната серија со 4:1 по победата од 94:89.

„Работата е завршена, можеме да си одиме дома“, изјави Јокиќ.

Дваесет и осумгодишниот српски центар, кој во финалето против Мајами имаше просек од 30,2 поени, 14 скокови и 7,2 асистенции по натпревар, одново ја испиша историјата на НБА плеј-офот. Тој стана првиот играч во историјата кој во постсезоната бил најдобар стрелец (600 поени), најдобар скокач (269) и најдобар асистент (190). Притоа го собори 56 години стариот рекорд со десет трип-дабл учиноци во плеј-офот.

И покрај своите доминантни бројки, Јокиќ остана скромен по големата победа.

„Ова е резултат на неверојатниот напор на целиот тим. Затоа кошарката е забавен спорт, никогаш не можеш да кажеш што ќе се случи. Среќен сум што го добивме овој меч“, изјави Јокиќ.

Јокиќ стигна во САД преку белградскиот клуб Мега визура, каде што и ја почна професионалната кариера. Денвер го избра како 41. пик на драфтот во 2014, со што Јокиќ стана најниско рангираниот избор на драфтот кој бил прогласен за МВП на финалето.

Melbourne
broken clouds
17.9 ° C
19.5 °
16 °
69 %
6.7kmh
75 %
Fri
18 °
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img