Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаБугарија добила вакцини за 5.000 луѓе, тешко ќе ни даде на нас

Бугарија добила вакцини за 5.000 луѓе, тешко ќе ни даде на нас

Првата пратка вакцини против коронавирус пристигна во Бугарија. Првите 9.750 дози веќе се чуваат во фрижидер на регионалниот здравствен инспекторат во Софија. Тие ќе бидат доволни за вакцинирање на речиси 5.000 луѓе, бидејќи се даваат две дози во интервали од 21 ден.

Вакцините ги поздрави министерот за здравство Костадин Ангелов, кој најави дека утре ќе биде првиот Бугарин што ќе се вакцинира. Првата фаза на вакцинација е планирана за медицинскиот персонал од прва линија, а бројот на апликанти се зголемува. Целта е да се вакцинира 70 отсто од населението.
Утре ќе започне вакцинацијата во три града – Софија, Пловдив и Бургас. Во други области ова ќе се случи на 28 и 29 декември. Се зголемува бројот на медицински лица кои сакаат да се вакцинираат, а амбицијата на властите е да вакцинираат 70 отсто од Бугарите.

Во јануари ќе се извршат дополнителни испораки на вакцини, со што достапните дози ќе се зголемат на 62.500. Кога достапните вакцини ќе станат повеќе, вакцинирањето ќе биде можно паралелно меѓу различните групи на население, со приоритет на постарите лица.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img