Sunday, January 24, 2021
Home Австралија Австралиски научници потврдуваат: Еве колку трае имунитетот на ковид-19 и каква врска...

Австралиски научници потврдуваат: Еве колку трае имунитетот на ковид-19 и каква врска има со вакцината

Студијата испитала 25 пациенти со ковид-19, земајќи 36 примероци на крв, почнувајќи од четвртиот ден по инфекцијата. Последните примероци беа земени 242 дена по инфекцијата.

Универзитетот Монаш во Мелбурн објави откритие на група научници кои посочуваат дека антителата спречуваат повторна инфекција најмалку осум месеци.

Нивната работа, објавена во списанието „Science immunology“, „е најсилниот доказ“ дека вакцините против коронавирус можат да бидат изводливо решение за здравствената криза. Претходните студии сугерираа дека антителата од ковид-19 почнуваат да исчезнуваат за неколку недели или месеци.

Сепак, новата австралиска студија покажува дека одредени клетки во имунолошкиот систем, наречени мемориски Б клетки, ја „запомнуваат“ вирусната инфекција и предизвикуваат заштитен имунолошки одговор со правење антитела во случај на повторно изложување.

Студијата испитала 25 пациенти со ковид-19, земајќи 36 примероци на крв, почнувајќи од четвртиот ден по инфекцијата. Последните примероци беа земени 242 дена по инфекцијата. Научниците видоа дека бројот на антитела кои се борат против вирусот започнал да опаѓа 20 дена по инфекцијата, но открија дека мемориските клетки специфични за вирусот ковид-19 остануваат стабилни најмалку осум месеци.

Овие резултати се всушност добра вест за ефективноста на вакцината, што исто така дополнително објаснува зошто има толку малку нови примери на човечка повторна инфекција со коронавирусот, рече вонредениот професор Мено ван Зелм од Одделот за имунологија и патологија на Универзитетот Монаш.

– Ова беше црн облак што „лебдеше“ над потенцијалната заштита што може да ја обезбеди секоја вакцина против ковид-19. Покрај тоа, ова откритие дава вистинска надеж дека штом се развие вакцина или вакцини, тие ќе обезбедат долгорочна заштита – цели Ван Зелм.

Иако постои широк спектар на вакцини против ковид-19 за кои се покажало дека се ефикасни во градењето имунитет против вирусот, сè уште е нејасно колку трае заштитата. Сепак, вакцините исто така ќе треба да ги следат мутациите на вирусот. Извршниот директор на „БиоНТек“, Угур Сахин, претходно оваа недела изјави дека германската компанија наскоро ќе добие вакцина за борба против новиот подвид на ковид-19 што се појави во Велика Британија, но изрази уверување дека тековната вакцина развиена со американската компанија „Фајзер“ ќе продолжи да биде ефикасна. Руската вакцина „Спутник V“ е ефикасна и против новиот подтип на коронавирус, изјави Кирил Димитриев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансираше развојот на вакцината.

 

Популарно