Sunday, January 24, 2021
Home Австралија Откриено чоколадо старо 120 години што може да се јаде!

Откриено чоколадо старо 120 години што може да се јаде!

Националната библиотека на Австралија меѓу колекцијата на лични работи на австралискиот поет Бенџо Патерсон открила кутија со чоколадо старо 120 години, кое за чудо може да се јаде.

Австралиските конзерватори го откриле чоколадото во лимена кутија што им била дадена на војниците за време на Бурската војна во Јужна Африка.

Речиси 120 години подоцна, чоколадото било речиси недопрено, на општо изненадување на експертите.

– Почувствувавме интересен мирис додека ја отворавме кутијата. Тогаш сфативме дека станува збор за завиткано чоколадо, ставено во кутија – рекла Џенифер Тод за Еј-би-си.

Чоколадите и лимените кутии ги нарачала кралицата Викторија за војниците што се бореле во Бурската војна за да бидат испратени на бојното поле. На секоја од нив биле втиснати зборовите

„Јужна Африка 1900 година. Ви посакувам среќна Нова година, Викторија Р.И.“.

Производителот на чоколадото „Кедбери“ добил нарачка за производство на околу 35 тони чоколадо за војниците, коешто кралицата директно го платила.

Популарно