И денеска опозицијата со бурни реакции за скандалите во кои се вмешани високи функционери на ДУИ.
Побараа оставки и расформирање на партијата бидејќи, според нив, владеењето на ДУИ е владеење на една фамилија.
„Заврши ерата на недопирливите. Со одлуката на Стејт департментот стигна потврда за нашите обвинувања за корупција, мешање во судски постапки, проневерување на јавни средства“, се вели во дел од рекациите на опозицијата.
Се огласи и струшкиот огранок на Алијанса за Албанците.