8.8 C
Skopje
11.2 C
Melbourne
Friday, 29 March, 2024
0
Дома Балкан Јотова: Немаме нови барања за Македонија, туку вклучување на Бугарите во Уставот...

Јотова: Немаме нови барања за Македонија, туку вклучување на Бугарите во Уставот и исполнување на обврските

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова ја повика Македонија да ги вклучи Бугарите во Уставот и да ги исполни преземените обврски.

Во интервју за телевизијата „Бугарија он ер” Јотова рече дека се надева оти новата бугарска влада ќе ја брани единствената бугарска позиција за Република Македонија откако претходната влада и премиерот Кирил Петков биле на работ да ја предадат бугарската позиција.

-Претседателот Румен Радев испрати писмо до нашите европски партнери за повторно да ги потсети дека спорот со Скопје не е само за историјата, туку за европските политики, за сето она што не зближува во Европската Унија. Писмото на претседателот беше точно на време за уште еднаш да им даде сигнал на европските институции и лидери за суштината на нашите проблеми со РСМ – правата на Бугарите. Така се штити бугарскиот национален интерес – вели Јотова.

Таа потсети дека шефот на државата прв го покренал прашањето за правата на Бугарите во Македонија.

-Правата на Бугарите не се запишани во ниту еден документ донесен со години. Сè уште ги жнееме горчливите плодови од фактот дека Бугарија со години не ја објаснуваше и бранеше својата позиција за Македонија. Го знаеме трнливиот пат за влез во ЕУ, не можеме да дозволиме двојни стандарди – рече Јотова.

Бугарската потпретседателка повтори дека очекуваат РСМ во својот Устав да ги вклучи Бугарите како државотворен народ како што било напишано во т.н. француски предлог. Исто така, очекува Скопје да ги почитува сите заеднички преземени обврски, а „Бугарија внимателно ќе го следи овој процес – не само формалната регистрација на Бугарите, туку и реалното спроведување на договорите“.

Според неа, преседан се обидите за лобирање на Македонија кај европратениците за усвојување и отстранување на одредени текстови поврзани со говорот на омраза во подготвената резолуција на Европскиот парламент.

-И Бугарија мора многу остро да реагира на тоа што европските лидери, можеби под влијание на ова лобирање на политичарите од РСМ, велат дека Бугарија има нови барања. Не, немаме. Инсистираме на имплементација на се што е забележано и прифатено од нашите европски партнери – изјави Јотова.

Melbourne
smoke
11.2 ° C
13.2 °
8.9 °
88 %
3.6kmh
1 %
Fri
27 °
Sat
23 °
Sun
23 °
Mon
23 °
Tue
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img