3.8 C
Skopje
17.1 C
Melbourne
Saturday, 20 April, 2024
0
Дома Популарно Путин за бунтот на „Вагнер“: Рускиот народ сега е поконсолидиран од кога...

Путин за бунтот на „Вагнер“: Рускиот народ сега е поконсолидиран од кога било

Рускиот претседател Владимир Путин на виртуелниот самит на Шангајската организација за соработка (ШСО) изјави дека светот се соочува со зголемен ризик од конфликт поради економската и финансиската нестабилност и им се заблагодари на лидерите на Кина и Индија за нивната поддршка за време на неодамнешниот бунт на Вагнер во земјата.

Во своето воведно обраќање, рускиот претседател рече дека глобалниот потенцијал за конфликт расте и дека Русија ќе се спротивстави на санкциите и провокациите.

– Ризиците од нова светска економска и финансиска криза растат во позадина на неконтролираното акумулирање долгови во развиените земји, социјалната стратификација и растечката сиромаштија во светот, влошувањето на безбедноста на храната и животната средина. Сите овие проблеми, од кои секоја е сложена и разновидна на свој начин, во целост доведуваат до забележително зголемување на конфликтниот потенцијал. Русија сето тоа директно го чувствува – рече Путин.

На темата за неуспешниот бунт на платеничката група на Вагнер – група што тој подоцна откри дека била спонзорирана од државата – Путин рече дека „рускиот народ е поконсолидиран од кога било“.

Руските политички кругови и целото општество јасно покажаа солидарност и висока одговорност за судбината на татковината зборувајќи како обединет фронт против обидите за вооружен бунт. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на моите колеги од земјите на ШСО кои ја изразија својата поддршка за активностите на руското раководство за заштита на уставниот поредок, животот и безбедноста на граѓаните. Ние тоа многу го цениме – рече Путин.

Путин, исто така, предложи реформирање на регионалната антитерористичка структура на ШСО и ја повика Белорусија брзо да се приклучи на групата.

Лидерите на ШСО денеска одржуваат онлајн самит, чиј домаќин е Индија, со цел да го прошират влијанието на евроазиската политичка и безбедносна организација со вклучување на Иран и отворање на патот за членство на Белорусија, пренесува „Ројтерс“.

„ШСО треба да биде обединета во борбата против тероризмот и да не се двоуми да ги осудува државите кои го поддржуваат теророт“, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди на самитот на организацијата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин учествуваат на денешниот 23-ти самит на Советот на шефови на држави на ШОС. Ова е првпат Путин да учествува на меѓународен настан по бунтот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ на крајот на јуни.

Моди, за време на неговото воведно обраќање, исто така ги повика лидерите на ШСО да работат за благосостојбата на Авганистан и да обезбедат хуманитарна помош за Кабул.

Територијата на Авганистан не треба да се користи за дестабилизација на неговото соседство, рече Моди на самитот. Во своето обраќање, кинескиот претседател рече дека фокусот на организацијата треба да биде на прагматична соработка и забрзување на економското закрепнување.

Тој ја истакна меѓусебната потреба од почитување на клучните интереси и грижи на членките, како и потребата од независно формулирање на надворешнополитичките цели.

Melbourne
broken clouds
17.1 ° C
19 °
16.1 °
60 %
5.7kmh
75 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Wed
15 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img