11.8 C
Skopje
14.3 C
Melbourne
Saturday, 20 April, 2024
0
Дома Свет Макрон разгледува контрола на социјалните мрежи

Макрон разгледува контрола на социјалните мрежи

Францускиот претседател Емануел Макрон разгледува блокирање на интернетските медиуми во справувањето со натамошните безредија во Франција.

Би било неопходно да се размисли како младите, коишто протестуваат, ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, изјавил во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со градоначалниците во Елисејскиот дворец.

„А доколку работите излезат од под контрола, можеби ќе морате да се ставите во позиција да ги регулирате социјалните мрежи или да ги затворите. Тоа дефинитивно не би требало да се прави при моментален жар и драго ми е што не моравме тоа да го сториме“, рекол Макрон.

Францускиот претседател уште во петокот ги обвини социјалнтие мрежи за ескалацијата на насилствата во текот на протестите против полициската бруталност. Насилните собири оранизирани се преку социјалните мрежи, рече тогаш Макрон. Во вторникот, пак, рекол дека за оперирањето со социјалните медиуми моа да размисли смирено,

„Бидејќи кога ќе станат инструмент за собирања или обиди за убиства, тоа е вистински проблем“, рекол Макрон.

Во меѓувреме, во северна Франција се засилени контролите на границата со Белгија за да се запре увозот на пиротехнички средства, извести весникот Le Parisien во вторникот ноќта, повикувајќи се на префектурата во таа област.

Целта на таа мерка е да се спречат насилниците да се снабдар со пиротехнички средства. Од двете страни на границата веќе се запирани луѓе кај кои е откриена пиротехника. Префектурата во северна Франција нареди забрана за продажба и носење пиротехника и бензини во канистри до средината на јули.

Од загинувањето на 17-годишниот Нахел од француско-алжирско потекло, кој беше смртно застрелан од полицаец при сообраќајна контрола измина точно една седмица, но Франција сѐ уште ја потресуваат сериозни безредија проследени со масовни грабежи, палежи и судири меѓу полицајците и насилниците, но и меѓу бандите и групите граѓани кои се организираат за да ги заштитат своите дуќани од пљачкосувања.

Против полицаецот кој стрелал во момчето, како што изјавил во сослушувањето затоа што неочекувано го стартувало автомобилот и стравувал да не изгази некого, се води истрага поради сомневање за убиство.

Melbourne
few clouds
14.3 ° C
15.4 °
13.4 °
69 %
4.1kmh
20 %
Sat
15 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Wed
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img