Tuesday, January 26, 2021
Home Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на напаѓачот кој го споредуваат со...

ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на напаѓачот кој го споредуваат со Меси

Веќе од претходно новинарите во Италија објавија дека Манчестер Јунајтед го обезбедил доаѓањето на младиот Амад Диало од Аталанта.

Пред еден месец беше договорен трансферот на Диало од Аталанта во Манчестер Јунајтед за наводна цифра од 25 милиони евра со евентуален бонус од 15 милиони евра.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска пристигна во Манчестер на почетокот на годината и сега официјално стана член на „црвените ѓаволи“.

На 13-годишна возраст потпиша за Аталанта, а уште пред да наполни 16 години имаше можност да тренира со првиот тим од Бергамо. Капитенот на Аталанта, Папу Гомез дури го спореди со Лионел Меси.

„Постојат наши дефанзивци кои не можат да го сопрат, тој понекогаш изгледа како Меси“, рече Гомез претходно за Даило, кој е брз, има брзи движења, силен е и вистинско искушение за противниците.

Тој стана најмладиот играч кој постигнал гол на своето деби во Серија А во победата над Удинезе со 7-1, бидејќи имаше само 17 години и 109 дена.

Популарно