Tuesday, January 26, 2021
Home Спорт Осмолигашот кој ќе игра против Тотенхем доби помош од Јирген Клоп

Осмолигашот кој ќе игра против Тотенхем доби помош од Јирген Клоп

Во недела не очекува историски дуел во ФА Купот. Тимот на Марин е само вториот тим во историјата на натпреварувањето кој од осмата лига успеал да се пласира во третото коло на најстарото фудбалско натпреварување, а силите ќе ги одмерат со екипата на Тотенхем. Марин е аматерски тим кој постои повеќе од еден век, а своето име го добиле по локален паб.

Тимот уште од Боксинг деј, од кога се прекинати сите пониски лиги поради коронавирус, немаат забележано ниту еден настап, што е причина плус поради која Тотенхем е фаворит, ако не е доволно тоа што разликата меѓу нив е небо и земја.

Но, тука е и Ливерпул да им помогне на малите соседи од Мерсисајд. И тие и Евертон на „Маринците“ им понудиле да тренираат на нивните терени пред мечот, а Јирген Клоп отишол и чекор подалеку и ги споделил своите анализи и податоци кои ги има за Тотенхем со својот колега Нил Јанг.

„Добивме пристап до натпреварите, јасно дека сме го гледале Тотенхем често на ТВ, но тоа не е исто. Ние тука зборуваме за технологии и скаутинг кој не можеме да си го дозволиме. Клоп ми ги испрати сите податоци и сега е на мене да ги анализирам“, изјави Јанг кој е долго време на клупата на Марин.

Дефанзивецот Џош Соломон Дејвис откри дека ги проучува игрите на Сон преку „Јутјуб“. Теренот на Марин беше заледен, спортските центри во кои тие тренираат се затворени поради корона, па соседите од „Енфилд“ и „Гудисон“ им ги отвориле своите врати да тренираат.

Како што велат, својата шанса ќе ја бараат од прекини и ќе играат „бункер“ бидејќи не сакаат да примат пет гола во првите 20 минути. Немаат што да загубат во натпреварот на своите животи.

 

Популарно