Tuesday, January 26, 2021
Home Спорт Корона вирусот одложи уште еден натпревар во НБА

Корона вирусот одложи уште еден натпревар во НБА

Дуелот меѓу Бостон Селтикс и Мајами Хит кој требаше да се одигра вечерва со почеток од 1 часот по полноќ по средноевропско време, е одложен поради корона вирус.

Еден играч на тимот од Флорида предал тест кој не бил успешен поради што не можел да настапи на натпреварот.

НБА инсистира сите кошаркари да имаат успешни тестови, со негативни резултати за да не мораат да поминуваат низ здравствениот протокол. Со ова, Мајами нема осуммина здрави кошаркари, колку што е минимумот за играње НБА натпревари.

 

Популарно