Thursday, March 4, 2021
Home Македонија Дендиас бара и порталите во Македонија да го користат новото име

Дендиас бара и порталите во Македонија да го користат новото име

Властите во Грција бараат новото име да го користат сите институции, како и интернет сајтовите.

Ова го истакна денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на прес-конференцијата  со македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи во Атина. Дендиас кажа дека по влегувањето во сила на Договорот од Преспа има завршено доста работа во промената на името, но потребен е натамошен напредок. Тој го наведе и отстранувањето на програмата за антиквизација и на ѕвездата од Вергина, како и преименување на патиштата и други инфраструктурни објекти.

„Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случило во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, рече Дендиас.

Според Дендиас,  Грција може да биде најдобриот сојузник и најдобриот пријател на Македонија.

Договорот од Преспа е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици.

Популарно

- Реклама -