Русија следниот месец ќе поднесе официјално барање за да добие одобрение од Европската унија за вакцината Спутник V, објави Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Прегледаните резултати од вакцината ќе бидат објавени наскоро и ќе ја покажат нејзината висока ефикасност, изјави Дмитриев за Ројтерс.
Според него, Спутник V ќе се произведува во седум земји. Регулаторните агенции на девет земји се очекува во јануари да ја одобрат руската вакцина за домашна употреба во тие земји.
Вакцината е веќе одобрена во Аргентина, Белорусија, Србија и некои други земји. Русија, која има четврти најголем број на заразени, планира да започне со масовни вакцинации следната недела.