Познато е дека Вијналдум е на излезната врата од Ливерпул, и дека неговиот нов клуб треба да биде Барселона.
Клоп долго време бараше замена, а англиските медиуми објавија дека замената конечно е пронајдена.
Станува збор за фудбалерот на Удинезе, Родриго Де Паул, кој треба да го засили тимот на Ливерпул до крајот на јануари.
Како и да е, проблем е цената што ја постави Удинезе за овој фудбалер, а тоа е цели 40 милиони евра.
Останува да се види дали англиските медиуми ќе „погодат“ со овој трансфер и дали Де Пaул ќе потпише за Ливерпул до крајот на јануари.