9.8 C
Skopje
20.4 C
Melbourne
Tuesday, 19 March, 2024
0
Дома Популарно Четврто обвинение против Трамп

Четврто обвинение против Трамп

Поранешниот американски претседател Трамп е обвинет за обид за фалсификување на исходот од изборите во 2020 година во сојузната држава Џорџија. Ова е четврто обвинение против Трамп. Обвинети се и негови соработници.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет во сојузната држава Џорџија за обид да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година. 77-годишниот републиканец е обвинет по 13 точки, меѓу другото и врз основа на закон за борба против организираниот криминал.

Четвртото обвинение против Трамп

Ова е четврто обвинение против екс-претседателот – и второ обвинение поврзано со претседателските избори во 2020 година. Никогаш досега во историјата на САД поранешен претседател не се нашол на суд за кривично дело. Обвинети се и 18 други осомничени, меѓу кои и поранешниот шеф на кабинетот на Трамп во Белата куќа, Марк Медоус и поранешниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани. Трамп и другите обвинети сковале „заговор“, за „противзаконски да го променат исходот од изборите во полза на Трамп“, се вели во обвинението. „Заговорот имал заеднички план и цел.“ Според обвинението, Трамп, меѓу другото, давал и лажни изјави и поднесол лажни документи. Освен тоа, како што се тврди, тој и другите обвинети вршеле притисок врз носители на функции да ја прекршат дадената заклетва.

На почетокот на август Трамп беше обвинет од федералното правосудство за неговите обиди да го поништи изборниот исход по неговиот пораз од демократот Џо Бајден и со тоа да остане во Белата куќа.

Обвинителите во американската сојузна држава Џорџија водеа истрага паралелно со федералното правосудство.

Окружното обвинителство на округот Фултон, кој опфаќа голем дел од Атланта, ги истражуваше постизборните дејствија на Трамп и неговите соработници паралелно со федералното судство, фокусирајќи се на Џорџија. Во понеделникот (14.08), тоа ги презентираше своите докази пред поротата за обвинение, позната како голема порота.

Тесната победа на Бајден во Џорџија беше клучен фактор за исходот на изборите

Одговорната обвинителка во Џорџија сега цели кон брз почеток на процесот. Термин за рочиште треба да има веќе во следните шест месеци, рече таа на прес-конференција. Обвинетите имаат рок до 25 август да се појават во судот во Атланта и да се пријават. Сепак, за временскиот план одлучува судијата. Се смета дека е малку веројатно оти процесот би можел да започне толку брзо.

Џорџија одигра важна улога на претседателските избори во 2020 година. Државата во југоисточниот дел на САД е таканаречена свинг-држава, во која демократите и републиканците често имаат многу неизвесни трки. Тесната победа на Бајден во Џорџија, заедно со победите во други сојузни држави, како Аризона и Пенсилванија, беа клучни за исходот на сите избори.

Но, Трамп не го призна својот пораз и покрена обвинувања за масовна изборна измама – недокажани тврдења кои беа отфрлени од голем број судии и органи на власта и побиени од независни проверувачи на факти. Постапките на десничарскиот популист во борбата против исходот од изборите кулминираа со нападот на радикалните поддржувачи на Трамп на Капитол, на 6 јануари 2021 година, кога изборната победа на Бајден требаше конечно да биде потврдена од парламентот.

Melbourne
broken clouds
20.4 ° C
21.1 °
19.1 °
77 %
4.6kmh
75 %
Tue
20 °
Wed
16 °
Thu
20 °
Fri
21 °
Sat
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img