Thursday, February 25, 2021
Home Македонија Ееее драги мои Македонци...

Ееее драги мои Македонци…

Фесјбук статус на Д-р Љупчо Ристовски:

11 дена Крушевска република, 30 години македонска држава…можеби после 100 години некоја нова генерација ако ни ја даде Господ, после многу крв и солзи пак ќе направи македонска држава, ама нас ќе не нема, а кој знае дотогаш и дали ќе не има.
Исчезнуваме драги мои, лека полека, но сигурно…
30 години тонеме во сопствената глупост, како во темница се удиравме од ендек до ендек три децении, ќе пукневме од љубомора, завист, злоба и омраза, едни со други очи си вадевме крволочно без престан… И што добивме? До кај стигнавме🤔
…до дното драги мои
Додека други народи грабеа напред и не престигнаа, ние тоневме се подлабоко во сопствената глупост, како да не ни е доста…
И сега🤔
Ни остануваат две работи:
1. Ќе продолжиме ли како досега или ќе ни дојде барем малку памет?
2. Ќе ги отвориме ли очите и барем малку срцата, ќе ја видиме ли и поддржиме вистината и Божјата правда, ќе сфатиме ли што е и што значи вредноста меѓу нас, ќе посакаме ли доблеста и интегритетот да зацарат на јавна сцена, сакаме ли надежта да си ја вратиме во животите наши, радоста во срцата и среќата на нашите лица? САКАМЕ ЛИ?
Или…со ‘извадените очи’ пак нема да ја видиме и препознаеме шансата која Бог ни ја дава, шанса за Тој со Неговата благодат и милост да се вгнезди во нас и меѓу нас Македонците, за и во политиката да зацари Неговата вредност, доблесноста и интегритетот кои ќе не однесат во зоната на прогрес и просперитет какви што сме немале од дамнина…
Пробудување ни треба, будење драги мои Македонци…а пролетта е нејзината сезона. Да не ја пропуштиме, сезоната.
ВНИМАВАЈТЕ!

Популарно

- Реклама -