Thursday, February 25, 2021
Home Спорт Манџукиќ е големо засилување за Милан, ама малку е досаден

Манџукиќ е големо засилување за Милан, ама малку е досаден

Марио Манџукиќ денеска дебитираше во дресот на Милан со што го одбележа враќањето во италијанскиот фудбал, но немаше среќа да триумфира на првиот меч во „црвено-црниот“ дрес.

Напротив, Милан загуби на домашен терен од Аталанта која заслужено стигна до трите бода на гостувањето кај лидерот. По мечот, Златан Ибрахимовиќ откри каков е Манџукиќ со кого ќе ја дели соблекувалната, но и ќе соработува во нападот.

„Што му рековме? Му посакавме добредојде на италијански и на јужнословенските јазици. Пиоли го праша дали сака да каже нешто и тој одговори негативно. Многу е сериозен и фокусиран. Сака да има мир“, откри Ибра.

Хрватот порано беше член на Јувентус, но си замина од Торино на инсистирање на поранешниот тренер на овој тим Маурицио Сари.

Популарно

- Реклама -