Monday, March 8, 2021
Home Популарно ЕУ и САД ја осудија Русија за приведувањата на приврзаниците на Навални

ЕУ и САД ја осудија Русија за приведувањата на приврзаниците на Навални

Руската полиција во саботата уапсила околу две ипол илјади демонстранти кои бараат ослободување од притворот на дисидентот Алексеј Навални, потег кој Европската унија и САД го осудија како „груб метод“ и „прекумерна употреба на сила“.

Руската полиција уапсила 2.501 лице на протестите во 38 градови во Русија, од кои 945 во Москва каде што имаше и судири на демонстрантите со полицијата во кои се повредени 42 нејзини припадници, објави набљудувачката група OVD-info.

САД во својата осуда наведуваат „груби методи“ на руската полиција. „Соединетите држави остро ја осудуваат примената на грубите методи кон демонстрантите и новинарите овиј викенд во градовите ширум Русија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Руското министерство за надворешни работи претходно на Вашингтон да се занимава со проблемите во американското општество и се закани со мерки поради објавите на амбасадата на САД во Москва која преку социјалните мрежи објавуваше движење на демонстрантите и одбележа на мапа дека сите демонстранти ќе се соберат пред Кремљ, иако и организаторите на протестот никогаш тоа не го најавија.

Претходно во саботата високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изрази „жалење поради масовните притворања и прекумерната примена на сила“.

„Во понеделник со министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараме за идните чекори“, објави Борел на Twitter.

Европската унија бара моментално ослободување на Алексеј Навални, приведен поради непочитувањето на одредбите од условното ослободување по осудата за проневера на средства откако му заврши лекувањето од наводното труење во Германија.

ЕУ на министерската средба во понеделник ќе го одржи првиот во низата состаноци на кои ќе се расправа за мерките за да да се исполни ова нејзино барање. Некои земји членки и пратеници во Европскиот парламент бараат воведување нови санкции против Русија, но агенцијата AFP потсетува дека за тоа е потребна едногласна одлука на сите 27 членки.

Претходно во петокот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во телефонски разговор бараше од рускиот претседател Владимир Путин „моментално ослободување“ на Навални. Како што забележуваат, пак, руските медиуми, не јасно е ова барање на ЕУ, затоа што тоа би било мешање во правосудниот систем и нарушување на неговата независност, вредност со која се гордее Брисел.

Мишел изрази „сериозна загриженост“ на ЕУ за Навални, кого го претставуваат како опозициски лидер, иако тој нема партија туку води финдација финансирана од странски извори кој испитува наводна корупција во рускиот политички врв, а на изборите на кои учествуваше пред десетина години доби многу малку гласови од сите кандидати за да може да води сериозна опозициска сила. Мишел ја повика Москва на „целосно и безусловно почитување на неговите права“ без да прецизира кои права на Навални се нарушени.

Алексеј Навални, против кого се водат неколку судски постапки, од проневера на пари до предизвикување и поттикнувања на безредија, беше приведен на 17-ти јануари, откако се врати од Германија каде што престојуваше пет месеци по наводното труење за кое тој го обвинува Кремљ. Московскиот суд потсети и го образложи својот потег со изјавите на лекарите од берлинската болница „Шарите“, каде Навални по барање на Берлин и одобрување на Москва беше префрлен од болницата во Омск, од 20-ти септември дека тој е излекуван потполно и дека сите симптоми на труење исчезнале на 12-ти октомври минатата година, по што имал речиси три месеца да се врати во земјата и повторно да се стави под надзор Руската затворска управа (ФСИН) и да се јави во канцеларијата во Москва до 29-ти декември.

Навални по приведувањето и ставањето во притвор ги повика свотие приврзаници на протести, а владата ги предупреди да не доаѓаат бидејќи со присуство на ноевластен протест во сложената епидемиолошка ситуација во Русија ризикуваат ширење на заразата со Covid-19, за што се пропишани и казни и можен затвор.

Организацијата Amnesty International ја обвини руската полиција дека „неселективно ги тепала и своеволно ги апсела“ демонстрантите. Агенцијата Reuters објави дека во центарлна Москва наводно се собрале 40.000 демонстранти, а другите западни агенции и медиуми не излегуваат со свои процени туку го користат овој податок. Московската полиција, пак, официјално извести за присуство на околу 4.000 лица на протестот, но предупреди дека имало злоупотреба на деца и малолетници, при што во целата земја се приведени и по неколку часа пуштени околу 300 деца и тинејџери.

Навални, 44-годишен правник, е во московскиот притвор и чека исход од четири правни предмети за кои тој тврди дека се измислени. Го обвинува претседателот Владимир Путин дека наредил да биде убиен, но нејасно е како останал жив и лично Путин дозволи негов транспорт во Берлин по наводното труње. Официјалниот став на Кремљ е дека случајот на Навални е дел од валката кампања оркестрирана од западните тајни служби за дестабилизација на Русија во услови кога руските граѓани се фрустрирани од падот на економија поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Популарно

- Реклама -