Thursday, February 25, 2021
Home Австралија И Волкановски бара меч против Мек Грегор: Сакам да бидам најголем борец...

И Волкановски бара меч против Мек Грегор: Сакам да бидам најголем борец во таа категорија

Шампионот во перолесна категорија, Александар Волкановски, ја истакна својата желба да се справи со Конор Мек Грегор.

Австралиецот со македонско потекло сака да докаже дека е најдобриот борец во перолесна категорија во историјата на УФЦ.

Но, доколку е потребно може да ја подигне килажата за да се бори против славниот Ирец.

Конор Мек Грегор сака да ја продолжи кариерата исклучиво во лесна категорија. Ирскиот борец стана шампион во лесна категорија во 2015 година по победата против Жозе Алдо.

„Има добри борби за мене во лесна категорија. Има многу добри борци таму, но ништо посебно не ме врзува таму. Бидејќи ги победив шампионите во мојата дивизија, ми останува уште Конор Мек Грегор. Тој беше шампион и во перолесна категорија, а сакам да бидам најголемиот борец во историјата во таа категорија. Неговите обожаватели секогаш ќе го ставаат Конор на тоа место“, рече Александар Волкановски.

Шампионот во перолесна категорија ги победи Жозе Алдо, Макс Холовеј и беше подобар од тројниот предизвикувач Чад Мендез.

„Сакам да им покажам на сите дека сум најголемиот борец во историјата на перолесна категорија. Ќе биде голема борба за мене, покрај тоа што носи голем профит. Тука гледам одлична можност, а борбата би била многу забавна“, заклучи Александар Волкановски.

Популарно

- Реклама -