Sunday, March 7, 2021
Home Популарно Илјадници приведени на протестите во Русија

Илјадници приведени на протестите во Русија

Во повеќе од 100 града во Русија викендов се случуваа протести како одговор на приведувањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и повеќемина негови соработници. Руските власти соопштија дека собирите се нелегални, за време на демонстрациите се приведени илјадници учесници. Само на вчерашните протести, бројката на приведени изнесуваше околу 3 500 лица.

Како што објави ТАСС, на протестите биле повредени околу 40 полициски службеници. Како што соопшти, Јулија Иванова, претставничка на московската канцеларија на Истражниот комитет, започната е истрага за нападите врз полицајците.

„Со истрагата ќе бидат утврдени фактите за илегалните активности, акциите и луѓето кои се одговорни за нив“, нагласи Иванова.

Во центарот на Москва денеска се собраа повеќе од 40 000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Според странските медиуми, полицијата употребила сила на протесетите, а демонстрантите одговориле со фрлање снежни топки.

Советничката на рускиот претседател за детски права, Ана Кузњецова, вели дека околу 30 малолетници се приведени, како што вели, во нелегалните протести и бројката се однесува на ралзични региони од земјата.

„Во Москва таа бројка изнесува околу 70, а во Санкт Петербург околу 30 деца“, напиша Кузњецова на својата веб страница.

Само за време на вчерашните протести во Русија, се уапсени над 3 500 луѓе.

Руските власти одлучија неколку невладини организации да ги прогласат за непожелни, за што реагираше и Европската Унија.

Во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се вели дека Европската унија е крајно загрижена од континуираните обиди на руските власти да го намалат просторот за опозицијата, граѓанското општество и независните гласови во земјата.

Популарно

- Реклама -