Thursday, February 25, 2021
Home Спорт Спектакл во Кина – двајца кошаркари постигнаа 138 поени

Спектакл во Кина – двајца кошаркари постигнаа 138 поени

Неверојатен натпревар одиграа денеска екипите на Сичуан и Шангај во рамките на кинеското првенство.

Победникот беше решен по две продолженија, а во центарот на вниманието беа двајца кошаркари. Поранешниот НБА кошаркар Џимер Фридет постигна 70, а Маркус Џорџис Хант од спротивната страна 68 поени. На крајот славеше Хант, односно Сичуан со 136-129.

Освен што реализира 68 поени, Хант се погрижи за второто продолжение бидејќи во последната секунда од првото постигна луда тројка.

Поените што ги постигнаа Фридет и Хант се повеќе дури и од оние на Панајотис Јанакис и Никос Галис од пред 40 години, на дуелот меѓу Јоникос и Арис кога првиот постигна 73, а вториот 62 поена. Иако не постои точна статистика, за тој натпревар велат дека бил најефикасен во историјата кога станува збор за ефект на двајца кошаркари што значи дека Фридет и Хант денеска го соборија рекордот.

 

Популарно

- Реклама -