Koшаркарите на ЛА Лејкерс изминатата вечер го победија Кливленд со 115:108, одличен натпревар одигра Леброн Џејмс.
Џејмс и тоа како беше расположен против својот поранешен клуб и ги водеше Лејкерси до нова победа. Лејкерси од самиот почеток имаа предност и беше јасно дека Кливленд тешко ќе го избегне поразот. На крајот актуелниот шампион славеше со 115:108. Најзаслужен за оваа победа беше Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 46 поени, осум скокови и шест асистенции. Се истакна и Ентони Дејвис со 17 поени и 10 скокови. Кај Кливленд најефикасен беше Андре Драмонд со 25 поени и 17 скокови.
Одличен натпревар одиграа Денвер и Далас, славеше Денвер со 117:113. Денвер до победата беше предводен од Мајкл Портер со 30 поени, доодека Никола Јокиќ уфрли 20 поени и додаде уште 10 скокови и 4 асистенции.
Во екипата на Далас повторно одличен беше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот. Словенецот натпреварот го заврши со нов трипл-дабл од 35 поени, 16 асистенции и 11 скокови.