Sunday, March 7, 2021
Home Балкан СИРИЗА на Ципрас бара да се врати парламентарното пријателство со Македонија

СИРИЗА на Ципрас бара да се врати парламентарното пријателство со Македонија

Седумнаесет пратеници на грчката опозициска партија СИРИЗА со писмо на кое потпис стави и поранешниот шеф на дипломатијата Јоргос Катругалос, бараат од паралемтнтот да се активира парламентарната група за пријателство меѓу Грција и Северна Македонија.

Активирање на парламентарната група за пријателство меѓу Северна Македонија и Грција и одржување тематски состаноци во областите од најголем интерес за двете соседни земји, бараат пратеници од СИРИЗА во писмото до претседателот на конкретната група, пратеникот од Нова демократија Јоргос Влахос и до претседателот на грчкиот Парламент Костантинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дописот е од потпретседателот на групата за пријателство Северна Македонија- Грција, пратеникот од СИРИЗА Никос Папас и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, кој воедно е и надлежен за надворешна политика во опозициската партија, а го потпишуваат вкупно 17 пратеници од СИРИЗА, членови на групата за пријателство меѓу двете земји.

Популарно

- Реклама -