Thursday, February 25, 2021
Home Свет Падна италијанската влада, премиерот Конте поднесе оставка

Падна италијанската влада, премиерот Конте поднесе оставка

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, денеска поднел оставка, пренесуваат италијанските медиуми.

Агенцијата Анса пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата утрово, а потоа, според протоколот, тоа официјално ќе му го соопшти на претседателот на Републиката Серхио Матарела.

Медиумите пишуваат дека премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе „пилотска“ криза, доколку претседателот на Републиката му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарни партии.

Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.

Популарно

- Реклама -