Saturday, March 6, 2021
Home Здравје Извонредно богати со бакар – индиски ореви!

Извонредно богати со бакар – индиски ореви!

Индиските ореви се јаткасти плодови со облик кој потсетува на грав, а потекнуваат од тропски дрвја, најзастапени во Индија и Бразил. Иако индиските ореви се вбројуваат во јаткасти плодови, ботанички гледано тие всушност го претставуваат семето на дрвото.

Како и да е, тие се особено богат растителен хранлив извор на низа значајни нутриенти, а поради специфичниот вкус (сладникав и ,,полн вкус” од здравата масна содржина) и конзистенцијата, индиските ореви освен како здрави грицки, лесно можат да се употребат на различни начини, во најразлични рецепти.

Нивното продуцирање оди доста тешко, доаѓаат од навистина далечни места, па затоа имаат и висока цена на чинење. Сепак, факт е дека храната од овој тип треба да ја консумираме во навистина мали количини – отрприлика на дневно ниво, онолку зрна колку што може да ни собере на дланката. Затоа, јаткастите плодови во суштина и не се така скапа храна.

Индиските ореви, како и останатите јаткасти плодови се особено богат извир на енергија (калории), главно заради здравите масти, но богати се и со огромен број на микронутриенти, што прави да поседуват низа здравствени бенефити за нашиот организам.

Популарно

- Реклама -