Saturday, March 6, 2021
Home Австралија Пеце Наумовски отвори Карате Академија во Мелбурн

Пеце Наумовски отвори Карате Академија во Мелбурн

После многу натпреварувања и голем број на победи, Македонскиот каратист и ММА борач Пеце Наумовски се одлучи да отвори својата академија за разни борачки вештини.

Нашиот сонародник од Мелбурн, Македонецот Пеце Наумовски, поранешен Јуниорски светски шампион во Карате деновиве ја израдува Македонската заедница во Мелбурн и Викторија и им соопшти дека отвори своја Карате Академија наречена „Lions Karate Academy“ во Мелбурн.

Пеце Наумовски за Фаланга кажа дека оваа академија се наоѓа на адресата 22 Parfey Ave, Lalor, VIC, 3075, Australia и вратите се отворени за секој еден кој што има желба на ги учи вештините во Карате, Бокс, Кик-бокс, само-одбрана и фитнес.

За повеќе информации можете да се обратите на телефонскиот број 0490 815 997.

Популарно

- Реклама -