Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаРистоска: Бараме максимални казни за Мијалков, Грујевски и Николиќ за незаконското прислушување

Ристоска: Бараме максимални казни за Мијалков, Грујевски и Николиќ за незаконското прислушување

„Пет години, 3 комплексни системи за следење комуникации, 4200 броеви – 20 илјади „жртви“ на масовното нелегално прислушкување во МВР. Ова не е сценарио за филм туку обвинение кое успеавме да го поткрепиме со сведоци и докази“, порача обвинителката Ленче Ристовска во завршните зборови во процесот „Таргет- Тврдина“ по безмалку 4 години истрага и судски рочишта.

„Неказнивоста за вакви дела во минатото е причина за дрскоста на оваа група да упаѓа во приватноста и да уништува туѓи животи“, рече Ристовска со последните реченици од 6 часовното излагање.

Поранешниот директор на УБК предводел, а 11-мина од злосторничката група го следеле во намерите да издејствува бизнис корист, да креира јавно мислење за потребите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и полесно да се пресметува со политичката конкуренција следејќи ги телефоните на повеќе од 4000 луѓе, со комплексните уреди на МВР, но и од неговата канцаларија, се само детали од долгогодишните активности на директорот Мијалков.

 

 

 

„Предлагаме судот да ги прогласи обвинетите за виновни и да ги осуди според законот. Повредата на уставните права и слобода на граѓаните чии разговори биле прислушувани е од досега невидени размери. Во оваа насока, иако е предвидена максимална казна до 5 години, сметаме дека нема пречка за Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ да бидат казнети со максималните казни за сите кривични дела кои им се ставаат на товар“, истакна обвинителката Ристоска.

Таа порача и дека додека читала кој од оштетените во колкав временски период биле прислушувани, не можела, а да не си го постави прашањето ‘дали во УБК не ја научиле лекцијата од минатото и повторно посегнале по приватноста на граѓаните’.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img