Saturday, March 6, 2021
Home Спорт Ерлинг Халанд е асот во ракавот на Жоан Лапорта

Ерлинг Халанд е асот во ракавот на Жоан Лапорта

Уште околу три недели остануваат до претседателските избори во Барселона, а Жоан Лапорта и натаму е најсериозен кандидат за функцијата.

За да се забетонира на челната позиција како најголем фаворит, тој и неговите блиски полека ги отвораат картите. Денеска, на пример, беше прашан дали ќе го донесе Ерлинг Халанд ако стане претседател на Барселона.

Телевизијата Кватро објави дека Лапорта тесно соработува со спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк за трансферот на норвешкиот репрезентативец. Покрај тоа, близок е и со неговиот агент Мино Рајола со што е навестено дека Халанд ќе биде летната бомба на Барселона.

Популарно

- Реклама -