Monday, April 12, 2021
HomeСветЕУ наскоро ќе го замрзне имотот и ќе им забрани влез на...

ЕУ наскоро ќе го замрзне имотот и ќе им забрани влез на луѓето на Путин

Европската Унија ќе воведе во март забрана за патување и ќе го замрзне имотот на сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, веројатно пред средбата на шефовите на државите и владите на членките на ЕУ, откако санкциите ќе ги одобрат амбасадорите на ЕУ, се дознава од дипломатски извори.

Ројтерс на 11 февруари јави дека санкциите, како одговор на случајот со опозиционерот Алексеј Навални, би можеле да бидат првите воведе според новата законска рамка донесена во декември минатата година која ѝ овозможува на Унијата да презема мерки поради кршењето на човековите права во светот.

„Очекувам санкциите да бидат воведени пред самитот на ЕУ во март“, соопшти висок европски дипломат, зборувајќи за средбата на 25 и 26 март во Брисел.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се сретнат на 22 март.

На средбата на амбасадорите на државите членки на ЕУ во средата била искажана широка поддршка на санкциите. Шведска, Германија, Франција, Полска, балтичките земји и други повикаа на руски функционери да им се воведе забрана за патување и да имс е замрзне имотот.

Меѓутоа, не е спомнато сопирање на изградбата на гасоводот Северен тек 2 и покрај тоа што некои држави членки бараат и тој гасовод да биде мета на санкциите.

Не е познато дали со санкциите ќе бидат опфатени и олигарсите, како што бараат поддржувачите на Навални.

„Санкциите треба да се воведат наскоро, инаку нивниот ефект ќе биде слаб“, изјави друг висок европски дипломат за Франс прес.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img