На шеститиот ден од истрагата по исчезнатата Вања, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за прв пат сподели информации за конкретен напредок.
Неколку дена трае потрагата по девојче кое исчезна во Скопје.
„Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесе Канал 5.