11.8 C
Skopje
11 C
Melbourne
Saturday, 27 April, 2024
0
Дома Балкан Вратоврската на Кралот Чарлс со боите на грчкото знаме предивика политички дилеми

Вратоврската на Кралот Чарлс со боите на грчкото знаме предивика политички дилеми

Британскиот крал поттикна интензивни шпекулации по климатскиот самит со изборот на сино-бела вратоврска која потсетува на грчкото знаме. Медиумите пишуваа дека кралот, иако е должен да остане политички неутрален, застанал на страната на Атина со изборот на облека.

Бакингемската палата изјави дека вратоврската е една од актуелната колекција на кралот и со неа се појавил и на други настани.

Кралот Чарлс Трети носел вратоврска со сино-бела боја која потсетува на грчко знаме, само неколку дена откако британскиот премиер, Риши Сунак ја откажал средбата со својот грчки колега Киријакос Мицотакис во дипломатскиот спор околу скулптурите на Партенон, познати како Елгински мермери, пренесува Си-ен-ен.

Кралот ја носел вратоврската на средбата со светските лидери, вклучувајќи го и Сунак, во петокот на климатските разговори на КОП28 во Дубаи.

Бакингемската палата изјави дека вратоврската е една од актуелната колекција на кралот и со неа се појавил и на други настани.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во вторник требаше да се сретне со Сунак во Лондон.

Сепак, средбата беше откажана, откако Мицотакис даде коментар за време на телевизиско интервју за статусот на скулптурите на Партенон, кои моментално се чуваат во Британскиот музеј во Лондон.

Мицотакис во интервју за Би-би-си изјави дека скулптурите се „во суштина украдени“ и дека неговата влада ќе продолжи да лобира за договор и да се залага за „партнерство“ со Обединетото Кралство.

Британскиот крал поттикна интензивни шпекулации по климатскиот самит со изборот на сино-бела вратоврска која потсетува на грчкото знаме.

Медиумите пишуваа дека кралот, иако е должен да остане политички неутрален, застанал на страната на Атина со изборот на облека.

Сликата на кралот беше објавена на повеќето грчки информативни сајтови под наслови како: „Сликата вреди илјада зборови“.

Во напис на веб-страницата на грчкиот дневен весник „Катимерини“ пишува: „Иако кралот Чарлс не зазеде став по ова прашање, овој потег многу аналитичари го гледаат како индиректна форма на поддршка“.

Инаку, Чарлс е познат како вљубеник во грчката култура и е чест посетител на земјата во која е роден неговиот татко, принцот Филип.

Ова не е прв пат кралската облека да поттикне гласини.

Во 2017 година, кралицата Елизабета Втора поттикна шпекулации дека зазема став за спорот за Брегзит, носејќи сина капа со жолти цветови што потсетува на знамето на ЕУ.

Melbourne
scattered clouds
11 ° C
12.6 °
8.5 °
80 %
0.5kmh
40 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
21 °
Mon
15 °
Tue
15 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img