На пет дена пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, против Аталанта, Реал Мадрид остана и без својот најдобар стрелец оваа сезона Карим Бензема.
Французинот се повреди на вчерашниот тренинг и најверојатно нема да игра утре против Ваљадолид, но е под голем прашалник за дуелот со Аталанта. Ако тој не настапи, Реал ќе биде практично без половина тим, односно без главните играчи затоа што одамна се отпишани и Серхио Рамос, Дани Карвахал и Еден Азар.
Како единствен напаѓач во тимот сега останува Маријано Дијас или младиот Хуго Дуро кој нема голема минутажа. Добра вест е тоа што и играчите од средниот ред често постигнуваат голови, како Каземиро, Модриќ, Винисиус или Валверде.