Saturday, March 6, 2021
Home Популарно Кој е следен? Канада ѝ се приклучи на Австралија во "пресметката" со...

Кој е следен? Канада ѝ се приклучи на Австралија во “пресметката” со Фејсбук

Следејќи го потегот на Австралија, Канада објавила дека и таа има за цел да ја натера компанијата “Фејсбук” да плати за објавување на медиумски содржини на социјалната мрежа. Отава соопштила дека ни одмазда од технолошкиот гигант нема да ги заплаши.

Министерот за прашања за канадското наследство и мултикултурализам, Стивен Жилбо, изјавил дека ќе почне со изготвување на закон, сличен на австралиското барање, Фејсбук и другите компании да плаќаат надомест за објавување на домашни медиумски содржини на своите платформи.

“Канада е на чело на оваа битка, меѓу првите светски земји сме што го прават ова”, рекол министерот.

Жилбо навел дека владата се уште разгледува кој модел ќе биде најсоодветен, додавајќи дека се консултирал со колегите од Франција, Австралија, Германија и Финска за тоа како најдобро да се обезбеди надомест од Фејсбук.

Тој смета дека наскоро повеќе од десет земји би можеле да воведат слични правила.

Најавата од Канада доаѓа неколку дена откако Фејсбук ја блокирал целата медиумска содржина во Австралија на својата платформа, како одговор на нацрт законот кој бара да се плаќа такса на креаторите на вести чии линкови и содржини се појавуваат таму.

Жилбо рекол дека Фејсбук нема да биде во состојба а преземе слични акции ако се вклучат повеќе земји, опишувајќи го пристапот на компанијата по тоа прашање како сосема неодржлив, пренесува “RT”.

Популарно

- Реклама -