Monday, April 12, 2021
HomeСветБајден вети финансиска помош за поддршка на програмата за дистрибуција на вакцини

Бајден вети финансиска помош за поддршка на програмата за дистрибуција на вакцини

Американскиот претседател виртуелно присуствуваше на Конференцијата за безбедност во Минхен

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот даде ветување за четири милијарди американски долари за глобалната кампања за зајакнување на дистрибуцијата на вакцини Ковид-19 на сиромашните земји.

На својата прва средба како претседател со светските лидери на Конференцијата за безбедност во Минхен, Бајден ја објави финансиската поддршка за Ковакс, коалиција со задача да дистрибуира вакцини во земјите со ниски и среднио приходи.

„Во време додека се бориме да излеземе од оваа пандемија, повторното појавување на еболата во Африка е силен потсетник дека мора истовремено да работиме за конечно да ја финансираме здравствената безбедност, да ги зајакнеме глобалните здравствени системи и да создавеме системи за рано предупредување со цел да се спречи, открие и да се реагира на идните биолошки закани, зашто тие ќе продолжат да доаѓаат “, рече Бајден на виртуелниот состанок.

Бајден вети две милијарди долари за финансирање на програмата Ковакс до 2022 година. Ветувањето дојде по првичниот придонес од две милијарди долари што Конгресот на САД го одобри пред два месеци и до крајот на овој месец парите треба да бидат ослободени.

Програмата Ковакс е заеднички управувана од Светската здравствена организација, агенција на Обединетите нации одговорна за меѓународното јавно здравје. Поранешниот претседател Доналд Трамп се повлече од СЗО откако го обвини за прикривање на кинеските грешки во менаџирањето на ситуацијата во врска со вирусот на почетокот на јавната здравствена криза.

„Ние мора да работиме заедно за да ја зајакнеме и реформираме Светската здравствена организација“, рече Бајден. „Потребен ни е систем на ООН фокусиран на биолошки закани што можат брзо да се рашират за да се активира соодветна акција“.

Бајден ги охрабри партнерите од Г-7 да ги исполнат своите ветувања кон програмата Ковакс и дополнително да инцестираат во меѓународниот развој и дистрибуцијата на вакцините.

Исто така во петокот, САД официјално се приклучија на Парискиот договор за климата, најсеопфатниот глобален напор за борба против глобалното затоплување. Бајден предупреди на страшни последици ако нациите не сторат повеќе за да се намалат емисиите на јаглерод.

„Ние веќе не можеме да го одложуваме или да правиме минимум за справување со климатските промени“, рече тој. „Ова е глобална егзистенцијална криза. Сите ќе трпиме последици ако не успееме “.

Бајден ги повика светските лидери да ги забрзаат обврските за агресивно ограничување на емисиите и да бараат едни од други одговорност за исполнување на целите.

 

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img