Wednesday, March 3, 2021
Home Македонија Ќучук со порака до Скопје и Софија: Избегнувајте национализми

Ќучук со порака до Скопје и Софија: Избегнувајте национализми

Бугарскиот европратеник и известувач за нашата земја гледа огромни можности во бугарско-македонските односи
Огромни можности во бугарско-македонските односи гледа европратеникот Илхан Ќучук, поради што, како што нагласува, треба да се врати и надградува довербата меѓу двете земји треба, по што е можно наоѓање заеднички јазик за сите отворени прашања. Блокадата, потенцира тој, на никаков начин не им помага ниту на ЕУ, ниту на двете земји.

„Како политичари сме должни да ги поставиме и бугарско-македонските односи и регионалните прашања, а и европските на една многу подобра перспектива“, изјави бугарскиот европратеник, кој е известител за земјава во Европскиот парламент.

Тој потенцира дека треба да се врати довербата во Договорот за добрососедство, затоа што, како што нагласува, тоа е добра основа за решавања на некои историски прашања и за поставување на нова перспектива пред двете земји.

Заев-Ќучук: Билатералните прашања да се решаваат посебно од европската рамка

„Компромисно решение е она што ќе биде добро прифатено. Ако има волја, такво може да се најде. Тоа го заслужуваат народите на двете земји“, рече Ќучук.

Според него, многу е битно да се тргнат настрана национализмите во градење на довербата и во надминување на отворените прашања.

„Национализмот пречи исклучително многу. Тука зборувам за двата национализма, едниот тука во Скопје, другиот во Софија. Тој никогаш не создавал пријателство, туку омраза и нетрпеливост еден кон друг“, рече Ќучук.

Бугарскиот европратеник беше во дводневна посета на земјава. Посетата се реализира во пресрет на гласањето за нацрт-резолуцијата за Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент.

 

Популарно

- Реклама -