Со тоа се оддалечи од позицијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се залагал за членство на Москва во групата.

Секоја покана за Русија да се приклучи на Г7 ќе биде упатена во партнерство со сите други земји-членки на групата, изјави Псаки пред новинарите кои беа со неа во претседателскиот авион Ер форс еден.

Трамп во јуни ја нарече Г7 многу застарена група на земји и рече дека би сакал да ги донесе во нејзините редови Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.

„Не мислам дека упатуваме нови повици кон Русија или ги повторуваме повиците кон Русија“, додаде Псаки.

Виртуелната средба Г7 е првиот настан на демократскиот американски претседател со другите светски лидери во група која ги вклучува Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Канада.