Евертон денеска го оствари првиот триумф на Енфилд по 1999 година, совладувајќи го Ливерпул со 2-0.
Со тоа „црвените“ го израмнија негативниот рекорд кој датира од 1923 година, а кој изнесува четири порази во низа на домашен терен. Пред Евертон, бодовите од Енфилд ги однесоа уште Манчестер Сити, Брајтон и Барнли. Последната победа на домашен терен, Ливерпул ја оствари уште во средината на декември.
Во моментов актуелниот шампион е шестопласиран со 40 бода, 16 помалку од лидерот Манчестер Сити од кого има и натпревар помалку. Шансите за одбрана на титулата одамна се загубени, но како што стојат работите, Ливерпул нема да успее ни да избори пласман во Лигата на шампионите идната сезона.