21.8 C
Skopje
14.1 C
Melbourne
Friday, 29 March, 2024
0
Дома Спорт Договорено: Санчо се враќа назад во Дортмунд, Јунајтед добива „милионер“ во размена

Договорено: Санчо се враќа назад во Дортмунд, Јунајтед добива „милионер“ во размена

Манчестер Јунајтед конечно најде купец за Џејдон Санчо откако „црвените ѓаволи“ дадоа зелено светло за крилниот офанзивец да се врати назад во Борусија Дортмунд. Санчо во 2021 година потпиша од Борусија во Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра, но англискиот фудбалер никогаш не ги оправда очекувањата и високата сума што клубот ја плати за него.

Ситуацијата се влоши откако Санчо влезе во конфликт со Ерик тен Хаг, по што тој беше отстранет од екипата и во последните два месеци тренираше со младинскиот тим на „црвените ѓаволи“. Тен Хаг инсистираше на негова продажба во јануари, а откако пропаднаа разговорите со Јувентус како единствен тим со конкретен интерес остана Борусиај Дортмунд.

Во прилог на преговорите одеше дека Мален сака во јануари да си замине од Дортмунд, а токму овој фудбалер се наоѓаше на листата со желби на Јунајтед за јануари. Ставот на бундеслигашот беше јасен – ако Јунајтед го сака Мален, ќе мора да го испрати Санчо назад во германскиот шампионат, иако вредноста на Холанѓанецот е повеќе од двојно пониска од онаа од трансферот на Санчо од пред две години. Германските медиуми информираат дека денешните преговори вродиле со плод, двете страни начелно ги договорите сите клучни детали, а Јунајтед ја прифатил понудата на Борусија за директна размена на фудбалерите, без никаква доплата.

Останува да се средат уште некои ситни детали, но кај двете страни постои оптимизам дека тоа ќе биде договорено во наредните десетина дена, за веќе од 1 јануари Санчо да биде повторно член на Борусија Дортмунд, а Тен Хаг да го добие Мален како адут плус во навалната линија на Манчестер Јунајтед.

Melbourne
overcast clouds
14.1 ° C
15 °
12.1 °
79 %
2.1kmh
100 %
Thu
14 °
Fri
25 °
Sat
24 °
Sun
24 °
Mon
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img