Saturday, March 6, 2021
Home Македонија Од вчера попладне му се губи секаква трага на Мијалков, МВР распишала...

Од вчера попладне му се губи секаква трага на Мијалков, МВР распишала потерница по него

Според сознанија на „360 степени“, од неделата во 16 часот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му се губи секаква трага. Во текот на претпладневите часови, тој последен пат бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад.

Иако на официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи, го нема името на Мијалков, неофицијално веќе е распишана централна потерница и се трага по него.

Повеќе граѓани, пред да биде обелоденета информацијата за исчезнувањето на Мијалков, на социјалните мрежи реагираа на бројното присуство на полицијата на излезите од Скопје, која вооружена со автомски пушки правела претрес на сите возила.

Инаку, полицијата, неофицијално, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Бил баран на повеќе адреси, но не бил најден.

Мијалков е еден од 12-те обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделните рочишта на кои беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок е закажано изрекување на пресудата.

За него, обвинителката Ленче Ристоска на рочишето на 16 февруари побара максимална казна.

Мијалков во случајот е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.

Него, Рустоска го наброја како еден од тројцата создавачи на групата која го вршела нелегалното прислушување.

„Иако се работи за кривични дела за кои е запретена максимална затворска казна до 5 години, сепак имајќи го предвид последиците на кривично дело и импактот кои овие последици го имаат како на животите на лицата чии комуникации биле незаконски следени така и импактот на целокупните општествени процеси, сметаме дека нема пречка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ како создавачи на групата да бидат изречени максимални казни затвор за секоја од кривичните дела кои им се ставаат на товар“, рече Ристоска.

Мијалков, пак, на рочиштетот во петокот (19 февруари), не даваше завршни зборови, само кратко се обрати и рече дека останува на тоа што го кажале неговите адвокати кои ја застапуваа теоријата дека нелегалното прислушување во земјава од 2008 до 2015 година не го правеле службите во УБК.

 

Популарно

- Реклама -