Екипата на Тотенхем игра очајно во последно време. Нов пораз за тимот на Жозе Мурињо пристигна вчера од Вест Хем, па Спарс се повеќе се оддалечуваат од врвот на табелата и борбат за Лигата на шампионите.
Ефектот на Жозе по 50 одиграни натпревари на клупата на Тотенхем е најлош во неговата кариера бидејќи освои само 81 поен.
Претходно, Мурињо имаше многу поголем успех и вака изгледа неговата статистика на поени освоени на 50 натпревари во други клубови.
Манчестер Јунајтед – 95 поени
Интер – 113 поени
Челзи (втор ангажман) – 114 поени
Реал Мадрид – 123 поени
Порто – 124 поени
Челзи (прв ангажман) -126 поени
Навивачите на Спарс веќе бараат од него да ја напушти клупата, но тоа би го чинело клубот 40 милиони фунти во овој момент