19.5 C
Skopje
13.1 C
Melbourne
Wednesday, 24 April, 2024
0
Дома Свет Абас повикува на меѓународна мировна конференција за крај на војната во Газа

Абас повикува на меѓународна мировна конференција за крај на војната во Газа

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, изјави во петокот дека мировна конференција е неопходна за ставање крај на војната во Појасот Газа и изнаоѓање трајно политичко решение коешто би довело до воспоставување на палестинска држава.

Во интервјуто за агенцијата Reuters вели дека судирот меѓу Израел и Палестинците достигнал алармантна фаза којашто бара меѓународна конференција и гаранции од светските сили.

„Јас сум за мирен отпор. Јас сум за преговори втемелени на меѓународна конференција и под меѓународно покровителство коишто би довеле до решение под заштита на светските сили за воспоставување суверена палестинска држава во Појасот Газа, на Западниот брег и во источен Ерусалим“, вели Абас,

Посочува дека врз основа на обврзувачки меѓународен договор би ја заживеал Палестинската самоуправа, би ги спровел долгоочекуваните реформи и би одржал претседателски и парламентарни избори.

Абас вели и дека Палестинската самоуправа се придржувала до сите мировни договори потпиштани со Израел од договорот од Осло во 1993 година и другите, но дека Израел ги прекршил своите ветувања за завршување на окупацијата на палестинските територии.

„Кој и да победи, ќе победи, тоа ќе бидат демократски избори“, одговара Абас на прашањето дали би ризикувал одржување избори имајќи ја предвид можноста дека Хамас би можел да победи, како и во 2006 година.

Абас вели дека планирал да ги одржи изборите во април 2021 година, но претставникот на Европската унија му рекол дека Израел се противи на гласањето во источен Ерусалим поради што бил присилен да ги откаже изборите.

Абас во интервјуто не изнесува конкретна визија за повоениот план за кој беше разговарано на средбите со американските функционери, а според кој Палестинската самоуправа би ја преземала контролата над Појасот Газа, каде што живеат 2,4 милиони Палестинци.

„Газа денес не е Газа каква што ја познавате. Газа е уништена. Нејзините болници, училишта, инфраструктурата, зградите, патиштата и џамиите се уништени. Ништо не остана. Кога ќе се вратиме ќе ни бидат потребни ресурси, на Газа ѝ е потребна обнова“, вели Абас

Челникот на Палестинската самоуправа притоа ги повикува САД да ја понесат својата одговорност за она што се случува во Појасот Газа.

„Тоа е единствената сила којашто е кадра да му нареди на Израел да ја запре војната и да ги исполни своите обврски, меѓутоа, за жал, тоа не го прави. Америка е соучесник на Израел“, вели Абас.

Melbourne
broken clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
56 %
5kmh
79 %
Wed
13 °
Thu
15 °
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
21 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img