Соопштенијата на СДСМ нема да ја сменат вистината дека доаѓа македонска пролет каде што граѓаните се борат против хибридниот режим на Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го покрие фактот дека граѓаните се против попис каков што сака власта. Над 45.000 граѓани за два дена му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис. Граѓаните викендов испратија моќна порака до Заев за поништување на законот за попис. Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по пораката која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис. Пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција, истакнуваат од опозициската партија.

Овој настан од викендов само покажа дека доаѓа ново време, доаѓа време на промени, а на СДСМ се повеќе му се ближи крајот, додаваат од таму.