Saturday, March 6, 2021
Home Македонија Драг Заев и мил Филипче: баталете го секретарот, има за што да...

Драг Заев и мил Филипче: баталете го секретарот, има за што да тренирате “строгоќа” во Охрид!?

а држава, ако држиме до принципите, до зборот: aко сме луге, затоа што, нели, за збор се држат лугето, а оние другите – за огламник!

Арно, ама имав еден соборец од Сирула, Иван Наумоски, кој знаеше да каже: “не ќе е-баш така”!?

Момчево што треба да биде санкционирано, сосема случајно се презива Наумоски. Ниту сум чул досега за него, ниту сум го видел.Колку што знам не е од семејството на мојот пријател – соборец, додека беше жив, најголемиот активист на СДСМ зад касарната во Охрид – “Кај Црногорцине!”.

Кај момчево, да ви кажам искрено, не гледам никаква вина. Да ме се пружи прилика и јас би застанал во редот за вакцинација. Едноставно, затоа што само еден Господ знае – дали ќе ја дочекам!?

“Кабаетот” е кај директорот на Болницата, кој го направил списокот за приритетната вакцинација, на што имал право и бил задолжен за тоа. Тој пак вели, дека, истото би го повторил и наведува аргументи за тоа. Се исчудува на постапките на премиерот и министерот. Тогаш, ајде да го смениме директорот, зашто, формално правно, на секретарот не му можеме ништо. Дури и да ни стапнал на “партискиот жуљ!”, ќе добие на суд.

Ама, како да го смениме директорот, токму сега, кога Охрид, односно здравјето на охриѓани, им е, нели, на врвот од приритетите на премиерот и министерот. Мислам, Охрид е најзагрозениот град, особено за британската мутација.

Значи, барем во овој момент, како леб ни е потребен и директорот. Тој пак вели дека заедно со секретарот, самите влечкале боци со кислород во црвената зона – мегу заразените од панедмијата (уште облечени скафандери!), не им било испод части да земат клешти за да ја затегнат славината на чешмата! Затоа што биле и двајцата дел од Кризниот штаб, а на мајсторите им било страв!

Прочитајте повеќе на следниот ЛИНК

Популарно

- Реклама -