Wednesday, March 3, 2021
Home Македонија Спасовски отфрли одговорност за бегството на Мијалков и презентираше хронологија на настаните

Спасовски отфрли одговорност за бегството на Мијалков и презентираше хронологија на настаните

Министерот Спасовски претходно на прес-конференција изјави дека не чувствува одговорност за бегството на Мијалков, а вината ја префрли на системот…

Не сум жртва на криминалец, оставка не поднесувам – рече првиот човек на полицијата Спасовски на првото излегување во јавноста по веста за бегството на Сашо Мијалков. Вели, проблемот е системски и се бара која институција потфрлила. Не чувствува одговорност бидејќи, како што тврди, причина за напуштање на функцијата е само ако со умисла се направи пропуст.

За Спасосвки клучно прашање е зошто се чекаше толку долго за да се побара притвор. Вели, праксата како во случајот „Монструм“, на пример, покажала дека обвинителството барало притвор и пред завршни зборови. Дополнително, тврди, во овој случај обвинителите уште во петокот имале сознанија дека се подготвува бегство, но претпоставените не им дозволиле да побараат построга мерка за Мијалков.

Спасовски го раскажа хронолошкиот редослед на настаните – од неофицијалните информации за можното бегство до утврдувањето дека Мијалков не е достапен на органите на прогонот. Според министерот, последниот визуелен контакт на полицијата со екс-шефот на УБК бил во неделата во 14.40 часот во близина на хотел „Мериот“.

Министерот тврди дека во најкус рок бил изготвен план за прикриено полициско обезбедување.

Популарно

- Реклама -